Љупчо- Бубе Петрушевски, или „Бубе Ин“, како што му се вика студиото, е стилист со долгогодишно искуство и еден од најбараните фризери во Скопје. Веќе неколку години водеше битка за своето здравје, а за „Бекстејџ“ откри за болеста на која и пркосеше заедно со своите најблиски.

Кога би Ве прашале за добар фризер во Скопје, сигурни сме дека неговото име ќе се најде меѓу тој избор.

Исклучителен професионалец, фризер од кои многу научиле и се уште учат, истраен .Неговиот живот би бил добро сценарио за холивудски филм. На 13 години останува без мајка, а на 16 години го отвора својот прв салон и неговиот професионален пат и развој трае до ден денес.

Чаршиските муабети не го заобиколија, се слушаа разни невистини.

Ексклузивно само за естрадниот магазин „Бекстејџ“, отворено проговори за се она што му се случи, за болеста која само го мотивираше и не дозволи да го тргне од она кое што му е единствена љубов, но и за пријателите кои го оставија тогаш кога му беше најтешко.