Откако Зоран ја изневери со Анџела од Македонија, Александра очајна во потрагата по момче (ФОТО)
Пејачката Александра Бурсач мина низ тежок период пред неколку години, кога тогашното момче Зоран Углешиќ ја изневери со старлетата со македонско потекло Анџела Митковски, позната во јавноста како Вештица, а сега Александра отворено призна дека има проблем да најде соодветен партнер.
– Мислам дека сум сама затоа што мажите едноставно се плашат, беше искрена Александра за „Гранд њуз“, па отворено се пожали:
– Некој проблем постои, ама не знам кој.
Да потсетиме, кога нејзиното поранешно момче Зоран ја изневери, Александра Бурсач отворено зборуваше за тоа.
– Многу сум емотивна, тоа е точно. Тој период ми беше тежок, но некако успеав да го надминам. Бидејќи бев многу разочарана и претпоставувам од целиот тој шок во даден момент се ми помина. Не можам да кажам дека не го ни сакав, но навистина ми помина многу брзо. Како да отрпнав, рече Александра Бурсач во една прилика во емисијата „Ѕвезде Гран Специјал“.