Македонската фолк пејачката Сања Сани Гроздановска еднаш беше позитивна на Ковид – 19 и го прележа во домашни услови. Заради природата на работата Сани решила сепак да се вакцинира, но еден ден откако ја примила првата доза на вакцината, не се чувствувала добро. Се посомневала во симптомите и веќе наредниот ден заминала да се тестира, а тестот покажал дека пејачката е повторно позитивна на коронавитусот. Откако во текот на вчерашниот ден уште повеќе и се влошила здравстената состојаба, Сани завршила во болница на една од Ковид клиниките во Скопје, што го потврди и фолк порталот Естрада +.
Во меѓувреме, во текот на вечерните часови самата фолкерка се огласи на социјалните мрежи со свој статус, во кој им се заблагодари на сите коиу биле загрижени, и оние кои се грижат за нејзиното здравје, па напиша дека сега се чувствува многу подобро и дека очекува брзо да биде се’ во ред со неа.
Но, за чудо, веќе утрината статусот со пораката на Сани мистериозно исчезна од социјалните мрежи?! Дали на „сторито“ му истече рокот или статусот некој го повлече и избриша…?
Она што остана се двете тазе фотографијата на нејзините Инстаграм приказни, од кои на едната Сани е фотографирана без шминка и делува помалку исцрпено и уморно, а на другата самата им се заблагодарува на другарките кои ја изненадиле со овошен сок и голема чоколада…
Онакви какви што се носат кога некого одите да посетите. Во болница или дома, се’ уште не разбравме, но како и да е, на македонската естрадна ѕвезда и посакуваме што побргу оздравување и закрепнување и наскоро повторно да ја видиме онаму каде што и е местото – на сцената…
Додека се’ уште повторно со идните „нови мерки“, се’ не испозатворат! вистина.мк