Хрватските медиуми објавија нов детал за трагичната несреќа на автопатот А1 кај Бриње, во која загина дете (10), а родителите и уште едно дете завршија во болница.
До несреќата дошло кога возачот на камионот (46), државјанин на Босна и Херцеговина, налетал на автомобил во кој полско семејство се враќало од одмор.
Откриен е нов важен детал од несреќата
Сега е откриено дека автомобил со полски регистарски таблички бил застанат во крајната десна лента на автопатот кога камион удрил во неговиот заден дел и практично „влегол“ во половина автомобил, пишува Индекс.хр.
Обвинителството објави дека полскиот автомобил бил застанат на автопат од непозната причина.
Автопатот во делот каде се случи несреќата, недалеку од клучката Бриње, има три коловозни ленти.
Во сообраќајна несреќа загина 10-годишен сопатник во автомобил со полски регистарски таблички, додека 38-годишен возач на автомобилот се здоби со сериозни повреди, опасни по живот, а двајца патници се здобија со полесни повреди.
Уапсен возачот на камионот
Обвинителството на округот Карловац нареди дополнителни доказни дејствија и истраги за да се утврдат сите околности на сообраќајната несреќа.
47-годишниот возач на камион е уапсен и предаден на надзорник за притвор.