Првиот Македонец во Америка според разни извори беше во 1492 под името Драган со потекло од Охрид, кој пловел заедно со Кристофер Колумбо.

Имено, постојат две приказни за тоа. Првата приказна е дека Драган бил религиозен еретик кој избегнал прогон од Македонија кој потоа заминал за Шпанија. Подоцна бил откриен и бил осуден на смрт. Кристофер Колумбо го спасил Драган од смртната пресуда која требало да се изврши со спалување. Подоцна тој бил регрутиран за првото патување до Америка.

Втората приказна тврди дека Драган заедно со својето семејство бил избркан од Охрид кога бил дете, веднаш кога Турците го окупирале градот. Целото семејство се преселило во Шпанија, каде Драган служел војска и станал омилен војник на кралот, и од каде подоцна отпловил заедно со Колумбо.

Според оваа приказна, кога Драган се вратил во Европа, оформил своја експедиција и отпловил со својата посада до Венецуела.

Откриени се три документи од 15 век, во кои е споменато дека во првата експедиција на Колумбо имало и еден охриѓанец. Документите всушност претставуваат приватни писма напишани од француската грофица Мари-Мадлен, Сан Жозеф де Поасон, која била современик на тие настани.

Таа била сопруга на чешкиот кастелан Витаслав Галас, со кого во периодот од 1491 до 1509 година, престојувала на дворот на шпанските владетели Фердинанд и Изабела, т.е. на владетелите кои ги финансирале патувањата на Кристофер Колумбо за Америка. Мари-Мадлен Сан Жозеф де Поасон во тоа време се допишувала со својата братучетка од Париз, војвотката О’Конел.

Како дворјанка на шпанскиот двор, грофицата Мари-Мадлен на својата братучетка ѝ пишувала за сето она што тогаш се случувало во Шпанија, вклучувајќи го и откривањето на Америка од страна на Колумбо. Во времето кога Иван Мазов го вршел своето истражување, писмата што ги пишувала грофицата Мари-Мадлен биле во сопственост на тогашниот жител на Чехословачка по име Крамарич.

Според некој извори после Драган имаше едно семејство со македонско потекло покрај реката Вардар и Охрид кој се преселиле после кога регионите паднале под турско робство, тие биле Ѓорѓи и Јована, кој околу 1509 се преселиле во денешен ден Њујорк.