Монструозен, перверзен и спиел со облечена женска кукла со човечки димензии во кревет – судењето на обвинетиот Денис Асанов продолжува денес.
Обвинетиот за убиство, 74-годишниот Денис Асанов од Штип бил монструозен, перверзен и немилосрден, дознава ТВ Стар од свои извори.
Асанов според обвинението Борјанка ја убил со нож во неговата куќа, бодејќи ја повеќе пати од што таа и починала. Подоцна телото и го расчленил а делови од него однел на повеќе локации а трупот го закопал во неговиот куќен двор. Жените му биле опсесија поради што и се претпоставува дека Борјанка е убиена од љубомора.
Освен што покажал неверојатна бруталност и ладнокрвност во убиството, Асанов на себе сврте и внимание како на перверзен тип.
Имено, кога полицијата влегла во неговиот дом, барајќи докази за убиството, во креветот наишла на облечена женска кукла во човечка димензија.

