Со длабока тага ја примивме веста за смртта на Суб.Спец.Др. Стојо Бошкоски (63), интернист ендокринолог кој со години посветено работеше во Општата болница „Д-р Ферид Мурад“ во Гостивар.
Во име на директорот, персоналот и колегите од болницата, изразуваме искрено сочувство до семејството, роднините и сите кои го познаваа и соработуваа со него.
Д-р Бошкоски ќе остане запаметен како исклучителен професионалец, посветен на пациентите и ценет колега. Неговиот труд, пожртвуваност и придонес го вбројуваат меѓу највредните работници на нашата установа.
Неговиот спомен ќе живее засекогаш. Нека му е вечна слава.

