Грозно убиство и обид за самоубиство се случи рано утрово во селото Стапар во Сомбор. Се сомнева дека брат го убил својот брат, а потоа се обидел да се самоубие.

Како што неофицијално дознаваме, во полицијата било пријавено дека на подот од семејната куќа се пронајдени две тела.

– Во полицијата е пријавено дека се пронајдени две тела. Сепак, по пристигнувањето на местото на настанот, е утврдено дека едното лице (53) починало, додека другото (58), иако неподвижно и во несвест, лежело на подот, покажувајќи знаци на живот во локва крв. Тој е во многу тешка состојба и лекарите се борат за неговиот живот – вели изворот на „Блиц“.

Станува збор за браќата Р.Т. и СТ., инаку богати луѓе од селото во близина на Сомбор.

Засега мотивот за убиството не е познат .