Тешка сообраќајна несреќа се случи на автопатот Шабац–Рума во Србија, при што животот го загубија четири лица, додека неколку други се повредени.
Според првичните информации, трагедијата се случила кога возачот на автомобил „форд“ Миодраг Пиперин (48) се вклучил во спротивна насока и продолжил да вози со голема брзина, околу 130 километри на час.
Набрзо потоа, дошло до директен судир со автомобил „голф“ во кој се превезувале четири млади лица. Ударот бил толку силен што возилата се целосно уништени, а делови биле расфрлани по патот.
На лице место загинале возачот на „фордот“ и две лица од „голфот“, додека други повредени биле пренесени во болници во Шабац и Сремска Митровица, каде уште едно младо лице им подлегначл на повредите.
Според сведоштва, само неколку минути пред несреќата, на социјални мрежи било споделено предупредување дека возило се движи во спротивен правец со голема брзина, но трагедијата не можела да се избегне.

Полицијата изврши увид на местото на настанот, а сообраќајот на делницата бил привремено во прекин. Причините за несреќата се утврдуваат.




