Актерката Лидија Вукиќевиќ повторно го привлече вниманието на јавноста, откако на социјалните мрежи се појави нејзино видео без филтри и обработка.

Имено, 63-годишната актерка случајно го исклучила филтерот додека се снимала, па во прв план дојдоа нејзиното лице и врат во природно издание. Овој момент веднаш предизвика бројни реакции и коментари на интернет.

Иако со години се шпекулира дека нејзиниот младолик изглед е резултат на естетски операции, Вукиќевиќ тврди дека тоа не е вистина. Таа открива дека единствено што направила е третман со „боцкање“ за поттикнување на колагенот, додека останатото го должи на нега, здрав живот и генетика.

Актерката потенцира дека се грижи за својот изглед уште од младоста, не консумира алкохол, не пуши и внимава на исхраната. Според неа, токму дисциплината и континуираната грижа се клучот за нејзиниот изглед во седмата деценија.

И покрај тоа што видеото без филтер изненади дел од публиката, многумина коментираа дека актерката изгледа одлично и во природно издание.