Појавувањето на актерката Olivia Wilde на филмски настан во Сан Франциско предизвика лавина реакции на социјалните мрежи, каде многумина изразија загриженост за нејзиниот изглед.
Вајлд се појави на Меѓународниот филмски фестивал во Сан Франциско, каде го промовираше својот нов филм „The Invite“, но вниманието на јавноста наместо на проектот, се насочи кон нејзиниот физички изглед. Дел од публиката забележа дека актерката изгледа значително послабо и исцрпено, што отвори шпекулации за нејзиното здравје.
На социјалните мрежи се појавија бројни коментари, од кои некои дури сугерираа дека нејзиниот изглед е резултат на екстремно слабеење или притисок од холивудските стандарди за убавина.

Сепак, имаше и многу гласови кои застанаа во нејзина одбрана, тврдејќи дека станува збор за лош агол на камера или несоодветно осветлување, што може значително да го промени изгледот на лицето.

Ова не е првпат јавноста да реагира на изгледот на холивудските ѕвезди. Во последно време, слични реакции имаше и за други актерки, меѓу кои и Angelina Jolie, што повторно ја отвори дебатата за притисокот врз жените во филмската индустрија да изгледаат на одреден начин.
И покрај шпекулациите, од тимот на Вајлд засега нема официјален коментар, а експертите апелираат да не се носат заклучоци само врз основа на фотографии и видеа.

