Марина Туцаковиќ почина по долгата и тешка болест, а ќе биде погребана во семејната гробница покрај нејзиниот син Милош, по нејзината последна желба.
Марина ја доживеала најголемата трагедија кога во 20028 година останала без помладиот син Милош, кој ненадејно почина на 24 -годишна возраст.
На многу пејачи им ја создала кариерата, за кои работела до последниот ден, а како што дознава српски „Курир“, Туцаковиќ, во текот на тешката борба со лошата болест, наводно напишала и тестамент.
Како што тврди изворот, Марина зад себе оставила тестамент во кој се наоѓа нејзиното наследство од музички дела, но и одредени имиња од музичката сцена за кои не сакала да слушне.
– Марина долго време беше болна, а во текот на тоа лекување имаше време да размислува за сѐ и да работи на бројни текстови за многу пејачи, со помош на нејзиниот син Лаќа. Во текот на борбата со ракот напиша и тестамент, бидејќи нејзината здравствена состојба нагло осцилираше од ден на ден. Марина во тестаментот, покрај пријателите и семејството, спомена и бројни пејачи со кои работеше на текстови во последните години, каде што истакнала дека во некои и се разочарала и дека бројни текстови останале недовршени, бидејќи на некои соработници им е налутена. Како што и самата непосредно пред смртта јавно истакнаше, додека беше во полна сила многумина ѝ се јавуваа и бараа кариери, а во последните месеци јавувањата станувале сѐпослаби, што предизвикало револт кај легендарната Марина – вели извор близок до Марина Туцаковиќ, па додава:
– Многу пејачи ѝ должеа големи суми за текстови и ја завлекуваа, а од друга страна, јавно истакнуваа дека се добри и дека ѝ давале поддршка, како ништо да не се случува. Марина никогаш не сакаше тоа јавно да го истакне… Сите знаеме колку голем човек беше – додал изворот.