Денис Ковба, екс фудбалер на неколку клубови, меѓу кои и на Спарта Прага и легенда на Крилја Совјетов, почина на 42 годишна возраст како последица од коронавирус. Во последната недела Ковба беше на респиратор.
Тој 12 сезони играше во таборот на Крилја Совјетов и одигра 250 меча за клубот. Потоа стана асистент тренер на клубот. Белорускиот играч играше и за украинска Александрија, и за Химки.
За Белорусија одигра 36 натпревари. Во Крилја една сезона играше заедно со Артим Положани, екс репрезентативецот на Македонија.