Претседателот на Левица, Димитар Апасиев и претставникот на Алијансата на Албанците, Арбен Таравари пред камерата на ТВ Клан потврдија дека успеале да стасаат до ново парламентарно мнозинство.
Изјавите, без соопштат дополнителни информации ги дадоа на излегување од Собранието, каде тие имаа средба со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, челникот на Алтеранатива, Арбен Гаши и генералниот секретар на Беса, Аријанит Хоџа.
Речиси во исто време од собранискиот излез се појавија Таравари и Хоџа. За разлика од актуелниот министер за земјоделство кој не даде изјава, видно расположен Таравари имаше само кус коментар – Нова Влада. 61.
Веднаш по нив се појави и Апасиев. Тој само го потврди тоа што Таравари го соопшти.
„Да. Имаме ново мнозинство од вечерва. Тоа е официјално. Го сочинуваат ВМРО-ДПМНЕ, Алтернатива, Алијанса, Левица и Беса. Имаме 61 пратеник со тенденција да стасаме до 64“, изјави Апасиев.