Рафаел Надал ќе биде првиот финалист на Ролан Гарос откако неговиот ривал Александар Зверев заработи тешка повреда во вториот сет од полуфиналето што попладнево се игра во Париз.
Надал имаше водство од 1-0 во сетови, во вториот сет се водеше израмнета битка, а во поенот во кој Шпанецот се избори за тајбрејк неговиот ривал лошо ја свитка ногата и веднаш стана јасно дека повредата е сериозна.
Зверев гласно плачеше од болка, веднаш притрчаа медицинките лица, до него се приближи и Рафаел Надал, по што Зверев во колична беше испратен со аплаузи кон соблекувалната.
Саша се врати на теренот едвај на штаки, за да се поздрави со судијата и Рафа и да го предаде мечот. Рафаел Надал се пласираше во финалето на Ролан Гарос со предавањето на Саша Зверев, кој имаше само една опција по страшната повреда.
Тој го предаде мечот пo резултат 1-0 во сетови за Надал и 6:6 во вториот сет.
#DelPy | CAÍDA | 😱
🥺El tenista Alexander Zverev tuvo una fuerte caída luego de doblarse el tobillo en el encuentro ante Rafael Nadal en las semifinales del Roland Garros.
🎾Si no puede continuar Nadal pasaría a la final. pic.twitter.com/uCQdTaofV3
— DELPY 📱🎬 (@delpynews) June 3, 2022
Horrible. pic.twitter.com/rY6OTaKhCI
— José Morgado (@josemorgado) June 3, 2022
Una pena con el partidazo del que nos estaban deleitando.
Esperemos que Zverev se recupere y pueda seguir disputando esta semifinal de #RolandGarros . pic.twitter.com/8qpSlPjMSS
— riojano/❤💜 (@riojano6269) June 3, 2022