СТАТИЈАТА ПОЧНУВА ВЕДНАШ ПОД РЕКЛАМИТЕ!

МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА! НАШИОТ ПОРТАЛ ЗА МЕСЕЦ ЈУНИ ВИ НУДИ СПЕЦИЈАЛНА ПОНУДА ЗА БАНЕР РЕКЛАМИ ЗА НАМАЛУВАЊЕ НА 50% ПОПУСТ! ИСКОРИСТЕТЕ ЈА МОЖНОСТА И ДАЈТЕ МУ КРИЛЈА НА ВАШИОТ БИЗНИС

СО САМО ЕДЕН КЛИК И ЛАЈК НА НАШАТА ОФИЦИЈАЛНА СТРАНИЦА МОЖЕ ДА ГИ СЛЕДИТЕ НАЈНОВИТЕ И НАЈБРЗИ ВЕСТИ ОД МАКЕДОНИЈА, БАЛКАНОТ И СВЕТОТ! БИДЕТЕ ПРВИ ИНФОРМИРАНИ СО САМО ЕДЕН КЛИК!

БИЗАРНО: На посмртницата на Билјана како ожалостен е потпишан сопругот кој го забетонирала (ФОТО)

Во посмртницата на Билјана Стојановиќ, која во понеделникот беше пронајдена мртва во помошен објект (шупа) на семејната куќа во Лесковац, меѓу ожалостените е запишан и нејзиниот сопруг Иван, чие тело пак набрзо по погребот на Билјана беше пронајдено забетонирано во шупата.

Меѓу ожалостените на посмртницата на Билјана, покрај бројните роднини се наоѓа и името на нејзиниот сопруг Иван.

Грозоморниот детал е дека тој во тоа време бил всушност мртов, а сомнежите се дека токму Билјана го убила заедно со нејзиниот љубовник.

На денот на нејзиниот погреб, во семејната куќа на Билјана, пронајдено е телото на Иван, кое неговиот брат го открил во куќата.

„Го најдов, го ископав и го скршив бетонот“, рекол братот на Иван и додал дека во еден момент видел череп.

На сите им раскажала како нејзиниот сопруг отишол на работа во Русија, а има и трага како влегол во Србија во 2019 година, но оттогаш ништо не се знае за него. Билјана го оправдувала неговото отсуство со тоа што не можел да ја напушти Русија поради корона вирусот.

Јован и Ружа Стојановиќ, таткото и мајката на Иван, не можат да се вразумат поради трагедијата што ги снајде.

„Три години седел бетониран. Отидовме на нејзиниот погреб, ја жалевме, а син ми бил мртов“, изјави за Нова.рс мајката на жртвата.

И родителите на оштетениот Иван посочуваат дека планирале да распишат потрага по него по погребот на нивната снаа Билјана, која е осомничена за кривично дело. Посочуваат дека им било сомнително што го нема, ниту пак имале информации за него.

Во полициска станица вчера бил на распит Александар Л., маж кој наводно бил љубовник на Билјана. Се сомнева дека Билјана и нејзиниот љубовник го убиле Иван, а потоа го бетонирале. Се претпоставува дека љубовникот е Александар Л.