Поранешниот хрватски специјален агент кој го обезбедлувал хрватскиот политичар Сипе Месиќ со бомба се разнел себе си и неговата поранешна партнерка. Нејзината ќерка (15) успеала да се спаси.

Ѓуро Бурец (56) со години ја демнел својата поранешна партнерка. Неодамна ја нападнал во станот во којшто живеела, кога активирал бомба со која се разнел себеси и неа, а ќерката на жената успеала да побегне пред експлозијата.

Со години не можел да прифати дека жената со која се гледал кратко време не сака ништо да има со него. Носел секира во рацете и дошол во нејзиниот стан, пишуваат хрватските медиуми.

„Заспавме кога слушнавме врисоци. Мислев дека се деца бидејќи по крајот на учебната година, сите се надвор. Во секунда се слушна бомба, експлозија“, вели соседот Иван Жежељ, кој живее во соседната куќа. Убиецот упаднал во собата во која спиела жената а хаосот ја разбудил и нејзината ќерка. Жената потоа скокнала врз напаѓачот. Тој херојски чин на мајката бил доволен да ја спаси нејзината ќерка, која ја отклучила влезната врата и истрчала да побара помош.

За жал, како што соопшти полицијата по истрагата, Бурец ја активирал бомбата и се разнел себеси и својата поранешна партнерка која ја демнел. Според соседите, агонијата на жената со Ѓура траела речиси три години.

„Тие навистина се гледаа некое време, но кога таа сфати каков е тој, не сакаше ништо да има со него. Потоа почнала да доживува ужас и никогаш немала мир. Доаѓаше овде со кола и се возеше наоколу. До зградата дошол и со велосипед. Ќе имала еден месец мир, а потоа се би почнало од почеток“, изјавиле згрозени соседи за порталот 24sata.hr.

Инаку, Бурец е поранешен хрватски специјалец кој бил ангажиран како обезбедување на видни функционери во Владата, Собранието, МУП. Меѓу нив се Мартин Шпегељ, Јосип Бољковац и Стипе Месиќ.