Носењето црвен конец околу раката против уроци е стара традиција меѓу словенските народи, а денес е најпопуларна во Бугарија, источните земји и следбениците на Кабала, како и помеѓу народите кои го прифаќаат паганизмот.
Овој обичај во извесна мера се задржал и кај нас, а најчесто се практикува ставање црвен конец околу раката на новородените деца.
Но, дали христијаните, особено оние кои се крстени треба да носат црвен конец околу раката?
Црвениот конец симболизира страст, успех и среќа. Се врзува на зглобот на левата рака, бидејќи, наводно, со оваа рака личноста се поврзува со други сили. Формираниот круг од црвен конец, се верува дека дава заштита од негативност, недуховност, како и од лоши намери и зли духови.
Сепак, во христијанството ваквата практика не е одобрена. Христијанската религија ги смета за идолопоклонство постапките со кои луѓето ја менуваат религијата. Црвениот конец не е дозволен и заради тоа што всушност претставува ритуал, потекнува од магија и се смета за амајлија.
Христијанството како единствен симбол на заштита ги прифаќа крстот и молитвата, додека црвениот конец се смета за паганство и симбол кој всушност ја разнишува вашата вера.
Православните и католичките свештеници советуваат дека доколку се чувствувате дека ви е потребна дополнителна заштита, подобро да поработите на својата духовна состојба, наместо да практикувате вакви ритуали.
Дали знаете зошто се носат и конци во други бои?
Сите знаеме за „моќта“ на црвениот конец околу рачниот зглоб, а дали знаете зошто се носат и конци во други бои?
На нашите простори, најраспространето верување е дека треба да се носи црвен конец околу рачниот зглоб, со цел да се заштитиме од лошите нешта, магиите и сл. Ова верување е толку познато и вкоренето што конецот некои го врзуваат за бебиња веднаш по нивното раѓање.
Сепак, покрај црвената, се носат и конци во други бои, бидејќи се верува дека тие имаат значително влијание врз судбината и привлекуваат добри работи во животот.
Зелен конец
Верувале или не, зелениот конец е една од најстарите амајлии, иако нас можеби не ни е толку позната. Се носи за да привлече просперитет. Се верува дека ви помага да излезете како победници од секоја ситуација, да растете и полесно и побрзо да се развивате и да станате успешни.
Темно зелен конец
Се верува дека со помош на овој конец создавате пријатна животна атмосфера и дека треба да се носи пред важни разговори и состаноци.
Портокалов конец
Овај конец многумина го носат постојано, бидејќи се верува дека привлекува среќа и штити од разни болести.
Розев конец
Претежно го носат жените бидејќи наводно го подобрува растот и протокот на женска енергија. Библиската кралица Саба, позната по својата извонредна убавина и мудрост, наводно секогаш носела розев конец околу рачниот зглоб.
Жолт конец
Се верува дека штити од црната магија и болестите и ви помага да постигнете успех на сите полиња.
Син конец
Ова е најпознатата боја за привлекување среќа и успех во бизнисот, што наводно ви помага да ги победите своите ривали. Синиот конец го симболизира мирот, така што наводно ви помага и подобро да се концентрирате на задачата и да го доведете умот во состојба на хармонија.