Данската телевизија „ТВ2“ веднаш извести за проблемот со кој се соочиле нивните судии Мадс Хансен и Јеспер Мадсен по натпреварот меѓу Македонија и Холандија на Светското првенство (СП) во Хрватска, Данска и Норвешка.

Телевизијата го нарече однесувањето на македонските фанови скандалозно, а разговараше и со актерите на теренот. Од Македонија, тоа беше Милан Лазаревски. Популарниот „Мечка“ им одговори на Данците во свој стил.

„Можеби е различно во Скандинавија, но тука не е така како што вие мислите. Можеби не е најпријатното чувство во светот, ама не е баш необично како што луѓето мислат.“, изјави Лазаревски и на прашањето „дали би имал вакви навивачи цело време, отколку да немаш навивачи?“, тој одговори:

„Да, секако! Секој ден. Ги сакам моите навивачи Македонци и секогаш ги поддржувам. Ако треба да зборуваме со нив за нешто, тоа го правиме зад затворени врати. Никогаш нема да ги критикувам во јавност“, заврши македонскиот пивот.

Македонија во последното коло на СП 2025 игра против Гвинеја, а победа ја носи во следниот круг на настанот.