Како што информираа од Mетереолошката станица во Гевгелија за тамошната ТВ Нова, денеска во 17 часот во градот биле измерени 43,3 степени во сенка.

Оттаму велат дека и во наредниот период, под влијание на многу топла воздушна маса од југ до 6 август ќе продолжи периодот на стабилно и исклучително многу топло време со натпросечни температури за овој период од годината. Во Гевгелија температурите и во наредните денови ќе го надминуваат 43 степен, истакнува ТВ Нова. Aктивирано e портокалово ниво на опасност од високи температури, авредноста на УВ индексот ќе изнесува 9. Остануваат на сила препораките на Министерството за здравство.

Историски гледано, во месеците јули и август највисока измерена температура е забележана во Демир Капија, и тоа на 24.07.2007 од 45,7 степени, додека на 22.08.1952 се регистрирани 44,5 степени. Слични температури во овие два месеца се заблежани во минатото во Гевгелија каде на 24.07.2007 се измерени 45,3 степени, а пак на 07 август 2012 во овој град се регистрирани 43,8 степени.