Антун Бачиќ беше член на стручниот штаб на младата хрватска футсал репрезентација до 19 години и играч и тренер на дубровничките футсал клубови Омбла и Сквер. Тој беше легенда на хрватскиот футсал.
Хрватските медиуми денеска јавуваат дека младиот Антун (35) ненадејно починал во Полска, каде што работеше како тренер во клубот Powiat Bochnia.
– Со длабока тага и неверување ја примивме веста за ненадејната смрт на тренерот на нашиот тим Антун Бачиќ. Исклучителен човек, почитуван тренер, кој со својата страст, знаење и посветеност даде огромен придонес во развојот на клубот.
Антун Бачиќ работи со нас од јули 2023 година, водејќи го тимот со невиден професионализам и посветеност. Беше и селектор на младинската репрезентација. Неговиот оптимизам, топлина и уникатен пристап кон играчите му донесоа огромни симпатии меѓу играчите, колегите и навивачите. Тој ќе остане во нашите сеќавања како личност полна со страст, енергија и насмевка што го придружуваше секој ден. Би сакале да изразиме длабоко сочувство до семејството, роднините и пријателите на Антун. Со вас сме во болка и тага – напишаа на Фејсбук од неговиот клуб.