Двајца дански навивачи станаа можеби најголемите херои на ЕП 2024, откако му го спасија животот на млад Германец непосредно пред натпреварот помеѓу Србија и Данска, закажан за вечерва во Минхен (21 часот).
Германецот со име Јонас колабирал на улица, а храбрите Данци веднаш му пришле на помош, давајќи му вештачко дишење и масирајќи му го срцето.
„Јас и мојот пријател сме многу погодени. Вечерашниот натпревар против Србија сега изгледа неважен. Всушност, ние само сакаме да бидеме дома, а Јонас да биде добро. Дојдовме на една раскрсница и видовме млад човек со велосипед од левата страна и си реков дека изгледа чудно и дека треба да одиме таму“, – изјави Кент Хојгард Јансен тој за данските медиуми.
Тој и неговиот пријател брзо реагираа и му пружија прва помош додека не почувствуваа дека Јонас повторно дише.
„Инстинктивно почнав да го удрам во срцето и по неколку удари го принудив пријателот да му даде вештачко дишење и да му даде воздух. Белите дробови му се наполнија со воздух како празни балони. Повторно го удирав, а другар ми му даваше вештачко дишење, по што почувствувавме дека малку дише“, додаде тој.
Набрзо пристигнала брза помош и го згрижила несреќниот Германец, кој бил збунет, но жив.
„Успеавме да комуницираме со Јонас, тој беше многу збунет и немаше поим што се случи. Брзата помош и полицијата набрзо пристигнале. Им објаснувам дека Јонас беше мртов кога го најдовме. Солзите почнаа сами од себе“, заврши данскиот херој.