Во последните 24 часа се направени 4.582 тестирања, а регистрирани се 74 нови случаи на КОВИД-19: • Скопје – 16 • Тетово – 15 • Куманово – 8 • Гостивар – 7 • Битола – 6 • Кичево – 5 • Дебар – 4 • Струмица – 3 • Прилеп, Штип и Свети Николе – по 2 • Охрид, Гевгелија , Радовиш и Берово – по 1.
Регистрирани се две починати лица од: еден од Скопје и еден од Кичево, двајцата пациенти се од возрасната група 60+
Регистрирани сe 17 оздравени пациенти од: • Скопје – 8 • Тетово – 5 • Куманово – 2 • Кичево и Кавадарци – по 1.
Досега во земјата се направени вкупно 971.395 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 156.299 бројката на оздравени пациенти е 150.350, на починати е 5.493, а бројот на активни случаи изнесува 456