Анџело Ѓорѓиевски, првоосомничениот за убиството на ракометарот Денис Тот, одлежал две ипол години затвор во Марибор, Словенија, бидејќи заедно со трочлена банда произведувал синтетички дроги.
Ова го дознава „Слободен печат“ од свои извори во Словенија кои биле присутни на судењата.
Ѓорѓиевски на рочиштата најнапред се обидел да се спаси од пресудата, на начин што тврдел дека другите тројца од бандата ја произведувале дрогата, а не тој самиот.
Меѓутоа на крајот признал вина кога дознал дека негов ДНК материјал е пронајден од словенечките истражни органи во лабораторијата што ја имал во поткровјето на куќа во Словенија, пишува порталот.
Сè започнало летото 2016 година, кога Анџело ноќта меѓу петти и шести јуни, со својот автомобил Фиат Пунто удрил во пет паркирани автомобили во центарот на Марибор на улицата „Младинска“ и избегал од местото на сообраќајката. Очевидец го пријавил во полиција и тоа било основа да почне цела истражна постапка против него, која ги одвела словенечките истражни органи до група која произведувала синтетички дроги, на чие чело бил Ѓорѓиевски.
Две различни верзии за убиството
Во јавноста се уште многу се зборува за убиството на хрватскиот ракометар Денис Тот, а сега се појавија и нови детали.
Анџело Ѓорѓиевски (28 г.), првоосомничен за убиството на хрватскиот ракометар Денис Тот, разговарал со дилер на дрога утрото откако полицијата започнала истрага и добила информации дека тој е во Косово.
За време на шестдневното бегство, Ѓорѓијевски всушност престојувал во зграда во скопската населба Аеродром. Тој во средата околу два часот по полноќ и се предал на скопската полиција по повеќечасовни преговори и потрага. Веднаш бил пренесен во локалната полициска станица, а потоа во затвор, бидејќи му е одредена мерка притвор од 30 дена.
Тројцата осомничени за убиството на Тот дале две верзии за настаните што се случиле таа вечер пред ноќниот клуб, пишуваат хрватските медиуми.
Според една, причина за бруталното претепување на Тот бил конфликт за седиште во такси бидејќи пет лица сакале да седнат на задните седишта во возилото. Според друга верзија, Тот наводно непримерно ја навредувал и допирал 19-годишната Клементина Летковска, која, како што може да се види на видео снимката од надзорната камера, брутално го удира кога веќе паднал на земја.
Поради тоа што Ѓорѓиевски во тие шест дена очигледно имал помагачи во бегство, можно е, покрај Ѓорѓиевски, Летковска и Андреј Костовски, истрагата да се прошири и на други лица за помагање на сторителот.