39-годишна жена од Грција поднела барање за развод од нејзиниот 50-годишен сопруг, бидејќи, како што тврди, не доживеала оргазам цели 17 години!
Како што категорично пренесува сопругата, дошло до „силен шок поради неисполнување на брачните обврски“, додека изјавила дека никогаш не доживеала оргазмично искуство за време на сексуалните односи во нивниот брак, како и дека „не се опуштила за време на нејзиниот брак и била во постојана тензија“.
Судењето за случајот е закажано за февруари 2024 година. Сопругот се изненадил кога го прочитал барањето за развод, кој во емисијата „То проиноно“ на АНТ1 рече дека „нејзината аргументација е лажна и смешна“.
Адвокатот на 50-годишниот сопруг, Фоивос Стругарис, во изјава за АНТ1, рече дека предлозите во барањето за развод се многу внимателно формулирани, сепак потенцирајќи дека главното прашање што се поставува е „како тоа може да се докаже во судница дека сопругата не доживеала оргазам… и тоа навистина 17 последователни години“.