Филмот за легендарниот Томи Здравковиќ има неколку измислени ситуации, кои што не се случиле во реалноста. Биографскиот филм за Тома Здравковиќ прикажува неколку измислени сцени, а тие се снимени за што подобро да се раскаже приказната.
Поминаа 30 години од смртта на југословенската музичка легенда Тома Здравковиќ, а споменот за него го оживеа филмот за неговиот живот „Тома“. Филмот стана хит во целиот регион, а иако навидум сите сцени се вистинити, тимот на чело со Драган Бјелогрлиќ објаснил дека промениле некои работи за приказната за музичарот да биде што подобра, пренесува Блиц.
Тома Здравковиќ и Силвана Арменулиќ, кои ги толкуваат Милан Мариќ и Тамара Драгичевиќ, беа најблиски соработници и одлични пријатели, но иако од филмот се гледа дека снимиле дует, тие никогаш тоа не го направиле. За потребите на филмот е искористена песната „Полноќ“ на Жељко Јоксимовиќ, снимена со помош на Предраг Живковиќ Тозовац, кој пишувал и за Силвана.
Една од најемотивните сцени во филмот е онаа во која Тома ја изведува песната „За Љиљана“ додека д-р Хаџипоповиќ танцува со својата сопруга Лилјана која умира. Во реалноста тоа не се случи. Оваа песна всушност е посветена на актерката Љиљана Благојевиќ со која Здравковиќ соработуваше во една серија. Иако Тома го лекуваа пет лекари, филмот го стави Хаџипоповиќ во центарот на приказната. Исто така, во филмот не се споменува дека музичарот се женел четири пати, туку само два пати.
Филмот не покажува вистински колку деца имал. Тома има ќерка и син, додека во филмот се споменува само неговиот син. Имал тројца браќа и една сестра, но во филмот „Тома“ се споменува само неговиот брат Новица, кој исто така бил пејач.
На самиот крај од филмот, Тома ја изведува песната „Што те нема“ на Јадранка Стојаковиќ на концерт во Сараево со Кемал Монтено и Даворин Поповиќ. И таа сцена е измислена, а Блиц пишува дека идејата за таа песна ја дала ќерката на Тома, на која и е најтажната песна што постои, изјави еднаш режисерот Драган Бјелогрлиќ.