Пејачката Нада Топчагиќ синоќа е примена во Ургентниот центар во Белград.

Како што дознава Телеграф, пејачката имала силни стомачни болки, поради што лекарите решиле да ја задржат во болница.

Во оваа прилика од Телеграф го контактирале сопругот на Нада, Златко Ѓорѓевиќ, кој не ја криел загриженоста.

– Синоќа е примена на Итна помош, не ни знаеме што се случило. Таа се пожалила на стомачни болки, поради што решиле да ја задржат во болница на детални прегледи. Ги чекаме резултатите – изјавил Златко за Телеграф.

– Настана огромна врева. Нада е добро, свесна е, синоќа и беше лошо и ја однесов во болница. Лекарите рекоа дека мора да остане за да направи дополнителни прегледи – изјави сопругот на Нада.

– Нејзиниот живот не е загрозен. И претходно имаше проблеми со стомакот, но не го реши и сега дојде времето за наплата – додаде тој за „Блиц“.