Најгледаниот естраден ТВ магазин кај нас „Бекстејџ“ и во својата тринаесетта сезона тргна со стандардна летна шема во живо. Ова лето Бекстејџ информира од плажите во се поатрактивниот македонски туристички центар Дојран, кој најави богата музичка и концертна сезона зашто градот крај Дојранското езеро токму ова лето ќе биде центарот на случувањата, како што велат…

Летната шема на Бекстејџ ја гледаме секој ден од Дојран во 16.15 премиерно и репризно во 22.15 на ТВ Телма. Долгото топло лето дефинитивно е поинтересно со најинтересните соддржини од зад сцената, но и со еден нов водителски лик во ТВ магазинот, кој покрај стандардниот новинарски тим се јавува и ве води низ случувањата од Дојранското крајбрежје.

Имено, младата и атрактивна убавица Анѓела Јакимовска, е новата водителка и ново заштитно лице на најгледаниот магазин. Патем, Анѓела не е непознат лик, зашто јавноста ја познава како манекенка, модел и мисица која гордо ги носин титулите Miss Europe и Miss Globe за 2020 година и Miss Tourism of the world за 2021 година.

Анѓела Јакимовска е манекенката која меѓудругото беше запишана во модната историја како прва Македонка која настапи на модниот викенд во Софија. Прв пат беше крунисана за трета придружничка на изборот за убавина Мис на летото во Албанија.

После неколку освоени круни низ Балканот, вратите и се отворија во Азија, па долгоногата убавица два пати ја претставуваше нашата земја на избори за убавина во Кина, потоа во Камбоџа, а стигна дури и до Либан. Насмеаната мисица влезе и во финалето во топ 30 девојки на натпреварот за Мис Модел на Светот одржан во Кина, Топ 10 девојки на избор за убавина во Камбоџа, а беше крунисана и за најзгодна Европејка во Бејрут.

Во нејзината кариера покрај бројните круни , ја следи и една невообичаена титула за Мис интелигенција, којашто ја освои на минатогодишниот натпревар мис Глоуб во Албанија.

„Отсекогаш многу сакав да учам. Средно училиште завршив во гимназијата Раде Јовчевски Корчагин. Студирав во Скопје, но потоа бев стипендиран студент и добив прилика да студирам во Сплит, Хрватска. Таму работев и како модел. Јас сум дипломиран економист, на департманот електронски бизнис.

Одреден период работев во Турција во Бурса, за компанијата Румелисиад, како стипендиран практикант и маркетинг аналитичар. Не ми е жал што студирав економија , но оваа област засега ќе ја оставам на економистите. Велат внимавај што посакуваш, бидејќи може да ти се оствари. Јас навистина станав тоа што го посакував, и нема поубаво чувство од тоа“ – вели Анѓела за својта едукација и наобразба.

Кога се работи за телевизијата, ТВ водителството и телевизиското новинарство, Анѓела покажува оти табуата за мисиците дека: „Господ им дал само убавина, а каде што едно давал, друго одземал“, се оддамна урнати и целосно неточни… Барем кога е новата водителка со „нозе уз врат“ на „Бекстејџ“ во прашање:

„Бекстејџ е естраден магазин во којшто целосно се пронаоѓам. За своите 25 години секогаш целев кон истото, а со многу љубов и посветеност го добивав токму тоа што го сакав. Работата како модел и водител се преточуваат една во друга, а воедно и се надополнуваат. Отсекогаш сакав да пишувам текстови и читам книги, естрадни и модни магазини, но преферирам мудро да молчам како типична незаинтересирана манекенка.

Љубопитна сум од дете, секогаш информациите кои ги примав морав да ги аргументирам и поткрепам со факти во својата глава, па кога некој ќе ми кажеше нешто го прашував зошто, а на секој одговор следуваше уште едно дополнително зошто? Такви се и новинарите, љубопитни.

„Кога пишувам сакам да сум сама, а пред камера многу да зборувам. Мислам дека за оваа работа е потребна висока емоционална интелигенција, бидејќи доколку го чувствувате соговорникот ќе знаете и што да го прашате. Не секогаш сите ја зборуваат вистината, па затоа сакам од лицето на луѓето, нивниот говор на тело и фацијална експресија да ја откривам нивната внатрешна содржина“ – вели Анѓела за својата нова работа и дополнува:

„Патувањата низ светот преку изборите за убавина, како и преку образованието ми овозможија да креирам богат идентитет и ме научија да ги прифаќам различностите. Своето досегашно знаење и искуство ќе го насочам токму овде во Бекстејџ, а резултатите нека говорат наместо мене“ – резимира новата водителка и заштитно лице на најгледаниот естраден ТВ магазин.

вистина.мк