Ракометната репрезентација на Македонија имаше луда поддршка на вториот натпревар од Светското првенство во Вараждин.
Иако загубивме од Холанѓаните (37-32), на трибините победата веројатно на Македонија не може да ѝ ја одземе никој.
Околу 3.000 навивачи од целата земја, но и странство пристигнаа да го бодрат ракометарите, а меѓу нив се врати и еден легендарен лик.
Станува збор за Дарко Јанкуловски кој низ годините стана култен лик бидејќи на трибина доаѓа облечен како славниот Итар Пејо.
Тој во минатото ја бодреше Македонија на повеќе првенства, но имаше кратко отсуство. Сепак, сега се врати на трибините и ја „засили“ нашата „Фаланга“.