Ванеса Медина е снимена како го остава својот син на училиште во боливискиот град Санта Круз де ла Сиера. Додека го земала ранецот на синот од автомобилот и го следела до влезот на училиштето, друга мајка ја снимала од нејзиниот автомобил. Ванеса носеше розово-бел комбинезон кој повеќе открива отколку што крие.
Жената која снимила коментирала дека облеката на Ванеса е несоодветна за места со мали деца и дека ова не е прв пат Медина да се појави оскудно облечена пред училиштето.
Видеото стана вирално на социјалните мрежи, а Медина, инаку фитнес модел, им одговори на своите критичари на Фејсбук.
„Јас сум способна мајка која работи и се грижи за својот син со љубов. Личноста што го направи видеото го изложи мојот син на потсмев, а тоа е кривично дело“, напиша таа.
„Сакам да изразам благодарност до сите оние кои ми испратија пораки за поддршка и кои ме бранеа на социјалните мрежи поради ова видео кое стана вирално со лоши намери“, заклучи таа.
📸
📸
📸
📸