Награда од 2.500 евра нуди семејство од Скопје, чиј папагал Шер, од видот ара, се изгубил пред четири дена. Семејството, чиј идентитет е познат на нашата редакција, појаснува дека Шер ја чувале две години, имала картон за препознавање, а последен пат била видена во населба Орман, близу картингот.
Имаат и упатство, околу тоа доколку некој ја забележи, како да и пријде без да ја исплаши или повреди.
-Повикајте ја, питома е, нема да ве касне. Пружете и рака, не дланка и покажете и трпение, ќе дојде. Не и приоѓајте со пешкир или ќебе и не ја фаќајте за врат од напред. Ако ви застане на рака внесете ја на затворено. Ако морате да ја фатите со раце тогаш фатете ја позади за вратот без стискање или на грбот-појаснуваат.
Првично, кога се изгуби, за Шер семејството нудеше награда од 1.000 евра, но како минува времето, а нивната загриженост растела, па сега тие нудат 2.500 евра за пронаоѓачот и се надеваат дека со помош на добрите луѓе нивниот миленик наскоро ќе биде дома.
Секој кој има информација за Шер, може да се јави на мобилниот број на сопствениците 076 302 321.