Холивудската актерка Меган Фокс се појави во вторникот вечерта на гламурозна забава организирана по повод прославата на соработката на брендовите Џими Чу и Муглер, а познатата убавица дефинитивно крена голема прашина со своето секси издание.

Меган го промени својот стил во последните неколку месеци, а најчесто ја гледаме во исклучително предизвикувачки парчиња, што беше случај и на оваа забава.

Таа измами воздишки во провокативен плишан корсет со проѕирни детали со потпис на брендот Mugler, а го надополни со кратко, асиметрично сатенско здолниште кое едвај покриваше нешто.

Но, „ѕвезда на аутфитот“ хулахопките со црна линија, кои исто така ја скокоткаа фантазијата на мажите, додека веруваме дека дамите се заљубија во шик чевли со златни ремени.

Убавата 35-годишна девојка го заокружи ова бомбастично издание со многу прстени и ефектни обетки и малку дива фризура – ја пушти долгата коса и ја извитка во бранови.

Да потсетиме, Фокс на почетокот на јануари се сврши со музичарот Машин Ган Кели, а парот е познат по помалку екстравагантната врска и необичните љубовни испади. Во едно интервју актерката ја спореди нивната љубов со цунамито, нагласувајќи дека тие се души близначки, а по свршувачката си испиле крв еден од друг за да го запечатат овој свечен чин.

📸

📸