Се запали кола на плин во населбата Горно Оризари во Битола, пожарникарите се справија успешно со ситуацијата во која истекуваше плин од возилото.
Примена дојава во 15:30ч. за запалено возило во Горно Оризари ТППЕ Битола интервенираше со 1 возило и 5 пожарникари.
При интервенцијата од возилото успешно и професионално е отстранета и дислоцирана плинска боца под притисок која испушташе плин и претставуваше опасност за населението и објектите околу неа.
-Со храброста, посветеноста, дисциплината и секојдневните многубројни и високоризични интервенции ТППЕ БИТОЛА повторно jа докажаа својата професионалност, објавија битолските пожарникари.





