Едно лице е тешко повредено синоќа поради паѓање стакло пред ноќен клуб во Сплит, а вкупно 22 од нив побарале лекарска помош, соопшти хрватската полиција.
Тешко повредениот е задржан во болница, а останатите кои се полесно повредени по укажаната лекарска помош се пуштени дома, пренесува Хина. Според полицискиот извештај, околу 00:15 часот е пријавено дека стакло паднало на плоштадот Гаје Блата.
На местото на настанот е извршена увид и според досега констатираното, поради туркање на поголем број луѓе при влегување во клубот, се скршил стаклениот ѕид.
Индекс.хр пренесува дека се искршило стаклото во излогот на стоковна куќа, веднаш до влезот на ноќниот клуб Централ во Сплит и дека големи парчиња стакло ги опсипувале младите кои чекале ред за влез во ноќниот клуб.
Инаку градот Сплит летно врие од туристи, а бројот на забави по улиците е толку голем што центарот на градот и просторот пред клубовите изгледаат како вистински „мравјалник“.
Според досега утврденото, стаклениот ѕид бил скршен поради преполнување на голем број луѓе при влегување во клубот, извести сплитската полиција.