Хрватската старлета и ријалити ѕвезда Ава Карабатиќ објави дека нејзиниот татко Ивица починал.
„Никогаш нема да го заборавам овој ден. Тато излезе да ја земе пицата што ја нарачавме. Ја зеде кутијата, ја стави на масата… и едноставно се струполи. Без збор. Без предупредување. Замина за секунда. Мојот свет се распадна“, напиша таа.
„Веднаш повикав брза помош. Тие направија сè што можеа. Го реанимираа 30 пати. Триесет пати. Со секој неуспешен обид, беше како некој да ми искинал години од душата. Како мојот живот да бледнееше пред моите очи, заедно со неговиот. Но, неговото срце… едноставно не можеше повеќе да издржи“, додаде таа.

„Не знам како да продолжам понатаму. Не знам како да дишам, кога знаеш дека тој веќе не дише. Тато, се надевам дека ќе ме гледаш. Дека си некаде горе сега, мирен, без болка. И дека знаеш колку те сакам. Оваа празнина што ја остави… нема зборови да ја опишам. Ве молам, грижете се за вашите родители. Прегрнете ги додека можете. Животот се менува во еден миг“, рече таа.
Некои се сомневаа дека станува збор за лажна вест, но Ава објави и, како што вели, „доказ за смрт“, што сугерира дека смртта се случила во Белград.