Војна имаше на теренот во „Боро Чурлевски“, меѓу ракометарите на Е. Пелистер и на Вардар, но и на трибините. За среќа безконтактна, со банери, транспаренти и со навивање.
Македонскиот спорт по подолго време заличе на некои поубави времиња или на некои земји каде што култот кон трибините не престанува да биде светост. Ова нека биде само импулс, кој ќе покаже дека уште чука срцето на македонскиот навивач.
Гостите од Скопје во неколку наврати истакнаа трансперанти со што ги “боцнаа“ домашните.
На едниот пишуваше:
„Слика која не се гледа често, Вардар ги собра Битолчани на едно место“!
Додека во вториот се спомнаа и сестрите на битолчани, по традиција…
„Смислете нешто оригинално што ќе не допре. И приберете ги сестрите, ви ги помина цело Скопје“!.