Пророштвата на Свети Пајсиј Светогорец повторно се во фокусот на јавноста, особено во време на зголемени геополитички тензии и стравувања од поширок глобален конфликт. Според записи и сведоштва пренесени од православни извори, старецот Пајсиј зборувал за можен голем воен судир што би започнал на Блискиот Исток и би се проширил кон Европа.
ВОЈНАТА ЌЕ ЗАПОЧНЕ НА БЛИСКИОТ ИСТОК
Во неговите пророштва се наведува дека регионот на Блискиот Исток ќе стане главно бојно поле, во кое ќе бидат вклучени големи светски сили, меѓу кои и Русија.
Според овие толкувања, конфликтот би се проширил кон Мала Азија и Константинопол (денешен Истанбул), каде што би се воделе жестоки битки меѓу Русија и западните сили.
„НИКОЈ НЕМА ДА ПОБЕДИ“
Старецот, наводно, предвидел дека ќе има „многу крвопролевање“, а исходот од војната нема да донесе вистински победник. Еден од најцитираните делови од неговите пророштва гласи дека во таков конфликт „никој нема да излезе како победник“.
Според овие толкувања:
– Палестина би станала центар на воените судири
– Мртвото Море симболично се опишува како „гробница“
– Војната би се одвивала во повеќе фази
Овие визии денес некои ги поврзуваат со актуелните конфликти и нестабилноста во регионот.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ ЗА МАКЕДОНИЈА
Во дел од пророштвата се споменува и Балканот. Се наведува дека движењето на војските низ одредени региони би можело да има различни последици за Македонија (не се знае на кој точно македонски регион се мисли) – од олеснување до сериозна опасност, во зависност од текот на настаните.
Старец Пајсиј понатаму дава пророштво: „Ако поминат низ Авлона, радувај се Македонијо. Ако поминат низ Македонија, по Егнацискиот пат, тешко на Македонија. Ќе се случи големо зло.“
ДУХОВНА ПОРАКА, А НЕ САМО ПРЕДВИДУВАЊЕ
Покрај воените сценарија, пророштвата на Пајсиј носат и духовна порака. Според нив, човештвото ќе се соочи со големи искушенија, по што луѓето повторно ќе се свртат кон верата и духовноста.
Се наведува дека по големите страдања, луѓето ќе бараат одговори во религијата и ќе се обидат да најдат смисла во случувањата.

