Семејно патување за разгледување од воздух, над замаглениот брег на Менхетен, заврши трагично во четвртокот, кога хеликоптерот со кој летаа се урна кај брегот на Њу Џерси, при што загинаа сите членови на семејството и пилотот, јавува Си-Ен-Ен .

Бројни набљудувачи во живо гледале како хеликоптерот паѓа и удира во реката.

Како што дознава Си-Ен-Ен, загинати се Агустин Ескобар , директорот на Сименс и неговото семејство . Семејството беше во посета од Шпанија, рече градоначалникот на Њујорк Ерик Адамс на прес-конференција во четвртокот. Си-Ен-Ен ја контактираше американската крајбрежна стража за повеќе информации за жртвите.

Иако се уште не е познато зошто се урнал хеликоптерот, неговиот ненадеен и шокантен пад од небо ги остави сведоците во неверување. Спасувачите направија се што можеа за да им помогнат на настраданите.

Loading...

Четворица се прогласени за мртви на местото на настанот, а двајца се пренесени во локалните болници, рече Тиш. Двете деца биле пренесени во Медицинскиот центар Џерси Сити, каде подоцна биле прогласени за мртви, потврди градоначалникот на Џерси Сити, Стивен Фулоп, на X Network.

„Нашето срце е со семејствата на жртвите“, рече градоначалникот Адамс.

Претседателот Доналд Трамп , исто така, изрази сочувство преку објава на Truth Social, пишувајќи: „Бог да ги благослови семејствата и пријателите на жртвите“ и додаде дека секретарот за транспорт Шон Дафи го истражува случајот.

Шпанскиот премиер Педро Санчез во објава на мрежата Х ја нарече несреќата „незамислива трагедија“.

Loading...