Тешка сообраќајна несреќа во која животот го загуби едно лице се случи попладнево во Босна и Херцеговина помеѓу населените места Чазин и Бихаќ, јавуваат босанските медиуми.
Како што потврди Министерството за внатрешни работи на Унско санскиот кантон, несреќата се случила во 15 часот и 45 минути.
Како што јавуваат медиумите, возачот на автомобилот „голф“ изгубил контрола над возилото, кое излетало од патот и удрило во бетонски столб.
Според неофицијалните информации, на местото на несреќата загинал 19 годишниот Е.М.
Членови на Министерството за внатрешни работи на Унско санскиот кантон излегле на истрага.