– Додека го правевме второто истражување за бизнисите во семејството на Ахмети, добивме една фотографија. Со порака дека треба да се опфати во нешиот прилог без да посочи повеќе детали. Бел луксузен автомобил со кичевска регитрација. Станува збор за Ролс ројс, модел Фантом, автомобил кој вреди над 400 илјади долари, објавува телевизија ТЕЛМА.
Лимузината е во Македонија од 2020-тата. Но потоа ни беше доставено уште едно видео од лани кога советникот на коалицијата на СДСМ во Град Скопје, Габриел Бајрам, синот на Амди Бајрам слави полнолетство на својот син. На видеото се гледа истиот бел ролс ројс. Тогаш се водел како сопственопст на партијата на Бајрам, Сојуз на Ромите, но од видеото до сега 4 пати му биле менувани регистрациите.
Прво било на партијата, па на фирма од Аеродром, а од лани декември, Ролс ројсот заминал во Кичево како сопственост на фирмата Дукла. Фирмата е во сопственост на Љуљзим Арифи, кој пак е брат на Селаудин, сватот на Али Ахмети.
Потоа во март Ролс ројсот е префрлен на член на семејството Арифи во Кичево, а веднаш по првото истражување на КОД, Ролс ројсот го продолжил патувањето и веќе ја сменил адресата, сега е на човек од Порој.
Ролс ројсот е само една илустрација на големата шема која ја правеше КОД врз основа на своите истражувања. Обвинителството отвори предмет кој е поврзан со Соравиа, но ако се потрудат многу бргу може да стигнат до повеќе податоци отколку што КОД успеа досега да открие, за две недели, со помош на јавно достапни податоци, сопствени извори и пораки од непознати граѓани кои помогнаа во истражувањето.