Лесли Максвел има 65 години и работи како фитнес инструкторка, а кога е фотографирана покрај ќерката Ванеса и внуката Тиа (22), луѓето едноставно се збунети и не веруваат дека некој на фотографијата има 65 години.

Лесли вели дека тајната на нејзиниот младешки изглед е редовниот тренинг со тегови.

„Луѓето се шокирани кога сфаќаат дека имам внуци бидејќи е малку необично да се мисли дека баба крева тегови во теретана. Но, би им препорачала вежбање со тегови на жени од сите возрасти бидејќи има многу здравствени придобивки од тој тренинг“, вели таа.

Таа додава дека сите свои клиенти ги упатува на тегови.

„Ваквиот тренинг ги зајакнува нашите коски и ни помага да ги трансформираме во мускули. Би сакала да видам повеќе жени од сите возрасти како креваат тегови, тоа е начин на тренирање против стареење. Правам четири вакви тренинзи неделно, а бидејќи и самата сум тренер, повеќето денови ги поминувам во теретана со клиенти и често им давам тегови“, вели Лесли.

Таа објаснува дека луѓето често се изненадени кога ќе ја видат како тренира со нејзината ќерка и внука и се чудат што се сите три различни генерации.

„Сепак, одлично се забавуваме, се смееме и тренираме. Благословена сум со моето семејство“, заклучува Лесли.