„Не бев за опцијата да оди. Тој рече: „Тато, Белград е одличен.“ Замина и сега сме таму каде што сме“.
Со овие зборови го започнува интервјуто за Јутарњи лист таткото на Матеј Периш, по кого веќе шести ден трага белградската полиција.
– Сè уште верувам дека Матеј жив и додека некој не ме убеди во спротивното, така ќе се однесувам. Иако, како што минува времето, тоа ми го намалува чувството дека тој е се уште жив и дека е некаде. Постојано проверувам дали мобилниот му е вклучен или не. Син ми беше независен, не беше пушач и имаше програмиран живот. Дојде во Белград да ја дочека Новата година со друштвото и сега сме кај што сме. Добар дечко беше. Извинете, зборувам во минатото“.
Разговорот за Јутарњи започнал во вторникот, минута по 19 часот, половина час откако дошол од полиција, па последната информација што ја добил од истражителите е дека го пронашле таксистот кој бил запрен од Матеј и дека како што тој рече за споменатиот весник, „знаат што му рекол Матеј на таксистот“, но зборовите таткото не ги открива.
Да потсетиме, таксистот на видеото кое го виде јавноста е еден од двајцата клучни сведоци кои последен пат разговарале со сплиќанецот само неколку минути пред неговото исчезнување.