Црвен осип и плускавци се создале по целото тело на Сара Факри (30) откако го земала лекот против епилепсија што и бил препишан за лекување на анксиозност. Таа поминала три месеци во болница борејќи се за живот и привремено била ослепена.

Ретката состојба е предизвикана од претерана реакција на имунолошкиот систем на предизвикувач како што е блага инфекција или лекови, што доведува до појава на меури и лупење на кожата и површините на очите, устата и грлото. Понекогаш се нарекува токсична епидермална некролиза и треба веднаш да се лекува во болница.

– По моето страшно искуство, сакам другите да ги знаат ризиците од лековите. Никогаш не ми кажаа за можните несакани ефекти. Да ми кажеа, никогаш немаше да земам – тврди таа.

Почнала да доживува напади на анксиозност и отчукувања на срцето и набрзо ѝ било тешко да стане наутро, на крајот го посетила својот лекар, кој откако направил тестови на крвта, потврдил дека нема ништо физички што не е во ред и се сомневал на проблеми поврзани со менталното здравје.

– Посетив терапевт кој ми даде ламотригин. Обично се дава на луѓе кои страдаат од епилепсија, но се користи и како стабилизатор на расположението, вели таа.

Меѓутоа, по три недели од земањето на лекот, Сара добила течење на носот и чешање на очите. Неколку дена подоцна се разбудила со заматен вид.

– Следното утро се разбудив со отечени усни, а очите ми беа уште полоши. Се вратив кај докторот, кој ми препиша антибиотици – на инсистирање на сестра ми, отидов кај специјалист:

– Веднаш штом ме виде специјалистот ми кажа дека имам Стивенс-Џонсон синдром, фатална состојба и дека морам веднаш да одам на интензивна нега – вели таа и додава дека во текот на следниот месец ѝ изгорела косата, но и ноктите на рацете и нозете.

Очите и се здобиле со оштетување на рожницата, па морала да ги држи затворени за да не ги оштети. Не можела да јаде поради плускавците на јазикот, па се хранела со инфузија. Сара, исто така, морала да трпи нанесување на крем за изгореници три до четири пати на ден што ја остави во агонија.

– Болката беше толку силна што се чувствував подготвена да умрам – рекла таа. По три месеци се опоравила и била пуштена дома.

Останатите фотографии кои предупредуваме дека можат да бидат вознемирувачки можете да ги погледнете ОВДЕ.