Легендарниот новинар, а подоцна и амбасадор на Србија во Русија, Мирослав Лазански, во 2018 година во текст за весникот Политика предвиде што ја чека Украина во случај на војна со Русија.

Да претпоставиме дека Украина ќе изврши силен воен удар против Донбас и Крим и Русите треба да војуваат. Значи, одговорот на Русија започнува со удари со Искандер и воздушни напади врз штабови, комуникациски центри, аеродроми, складишта за гориво и муниција и „паркинзи“ на опрема и техника по целата длабочина на распоредот на украинската армија. Русите во борбата би вклучиле современи средства за радио-електронска борба, како што е системот „автобаза“, а во исто време би ги “изорале” првите борбени линии на Украинците со повеќецевни ракетни фрлачи „смерч“, пишуваше Мирослав Лазански уште во 2018 година за дневниот весник Политика.

Во исто време, напред би тргнале механизирани извиднички патроли, оние десет бригади. Тоа би можело да бидат единици со оклопни транспортери, но и засилени групи со два до три тенкови или две до пет пешадиски борбени возила. Нивната задача би била да ги откријат правците на непријателските тактички групи на растојанија од 75-100 километри. Движењата на овие патроли би биле следени со јуришни хеликоптери, а нивната задача би била да ги уништат непријателските патроли и да ги „тестираат“ првите линии на одбраната на противникот или само да ги откријат движењата на основните сили на противникот.

Од Луганск до Северодоњецк – “клучната граница на зоната Север“ – има само 60 километри. Тоа значи дека најистурените руски единици до крајот на третиот ден би ги поминале Сватово и Славјанск. Четвртиот ден, војната веќе би се проширила во регионите Харков и Дњепропетровск. Првата и втората линија на украинската одбрана би биле пробиени по целата длабочина. Нивните најистурени бригади практично би биле разбиени и лишени од тешка опрема. Затоа, преостанатите украински единици би биле принудени да преминат на стационарна одбрана, таму каде ќе се затекнат.

Што би можеле да направат Украинците во таква ситуација? Тие во борбата би ја употребиле целата своја расположлива авијација од далечните аеродроми. Пред сè, од аеродромите на западот на Украина. Но, ниту Русите не би седеле со скрстени раце. Затоа, во првите денови од операциите на секој од овие аеродроми би биле употребени ракетите од копно или оние што ги носи авијацијата. Секако дека не би им останале должни ниту Украинците. Аеродромите, транспортните центри, мостовите и сите клучни точки на руската армија долж фронтот ќе бидат подложени на масовни удари. Од тој момент започнува незапирливата ескалација на конфликтот. Зашто, што тој кој во тоа ќе задоцни, тој гарантирано ќе ја изгуби војната. Воениот пораз води до општа политичка криза на страната на поразените, што доведува до промена на власта.

Украина нема тактичко нуклеарно оружје, но дали САД може да му го достават на Киев или воено директно да се замешаат на страната на Украина? На радарите на екраните „томахавките“ изгледаат како носачи на нуклеарно оружје. Ако само еден „томахавк“ удри во голем град во Русија, одговорот автоматски би следел. И ако има атомски боеви глави на крстаречки ракети, конфликтните страни ќе се соочат со неизбежна размена на стратешки нуклеарни напади.

– Затоа НАТО и САД нема да војуваат со Русија поради Украина, пишуваше Лазански.

(Политика, 2 декември 2018)

Немаме план да распоредуваме борбени трупи на НАТО во Украина, нашето внимание е насочено кон обезбедување поддршка, изјави за Би-Би-Си пред некој ден генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг.