61-годишната Бет од Бостон ги насмеа луѓето со потегот што го направи да најде партнер за нејзината 30-годишна ќерка Моли.

Прво, Бет отворила профил за нејзината ќерка на апликација за наоѓање партнер, а потоа следел втор чекор. На Тајмс Сквер, во центарот на Њујорк, беше објавен огромен постер со фотографија од Моли и натпис дека нејзината мајка и бара момче.

На многумина овој потег првично им изгледаше симпатично, а потоа Бет ја откри позадината на приказната. Си-Ен-Ен пишува дека минатата година и бил дијагностициран рак на дојка, кој брзо метастазирал во коската. Единствената желба на Бет е да ја види својата ќерка среќна и заљубена и да знае дека ја остава во добри раце на добар партнер.

– Од моментот кога Моли ќе се разбуди наутро, дава се од себе за да го подобри животот на луѓето околу неа. Секој би бил среќен да ја има покрај себе, изјавила Бет.

Моли рече дека потегот на нејзината мајка го смета за симпатичен и дека не и е срам што завршила на голем постер.

📸

📸