Манда и Перо Илак од Громачник во Славонија биле заедно до самиот крај.

Истиот ден починале, најпрвин 79-годишниот Перо, а не долго после шок и тага и неговата сопруга Манда, пишува ПлусПортал.

Нивните деца Павица, Мара, Ивана, Илија и Иван мораа да се соочат со две големи загуби во исто време. Семејството Илак во текот на денот се прости од мајка и татко, баба и дедо и прабаба и прадедо.

Манда и Перо беа заедно половина век, а по 50 години љубов не издржаа ниту ден еден без друг.