Еден од најуспешните македонски водители Миро Кацаров, во подкастот кај Стефан Лазаров проговори за тешкиот период од својот живот, за борбата со анксиозноста додека бил во Дубаи. Вели дека се вратил од Дубаи во Штип поради тешка анксиозност и панични напади.

– Се разболев од анксиозност. Јас бев болен од анксиозност и панични напади. Затоа се вратив, вели Кацаров, а на прашањето од што била предизвикана ваквата состојба, тој додава:

– Од ноќна смена, немав сонце, немав Витамин Д и ми се промени биоритамот. Работев 5-6 месеци само трета смена, од 12 ноќеска до 10. И почнав веќе со депресивни мисли, не можев дома да спијам и почнав да се мачам. Почнаа веќе големи панични напади. Тие панични напади не ги чувствував, само чувствував дека ми се ближи смртта, ми се потат рацете, нозете ми се блокираат. Јас завршив 3 пати во болница, многу тежок период ми се деси пред да заминам од Дубаи. Толку јако мава, што дури некогаш те тера и на самоубиство. Две недели јас не излегов, се плашев од сите луѓе, од секој звук се плашев, од секоја храна се плашев. Многу чудно, многу тешка анксиозност, вели Кацаров.

View this post on Instagram

A post shared by Lazarov Podcast (@lazarovpodcast)