Пејачката Селма Бајрами ги загрижи своите обожаватели со морничавата фотографија од болница. Имено, пејачката објави фотографија од болница со модринки на лицето.

Фотографијата за кратко време беше споделена на социјалните мрежи. Освен известувањето дека е во болница каде најверојатно ѝ била укажана потребната лекарска помош, Селма не ги откри деталите, а сè уште не се знае за што се работи.

Во дел од коментарите на социјалните мрежи се наведува дека можеби станува збор за снимањето на нејзиниот нов видеоспот.