Мајката на четири деца од Австралија го споделила необичното искуство на TikTok, а нејзиното видео го погледнале повеќе од 17 милиони луѓе. Таа објасни како една вечер забележала растечка џумка и решила да оди во болница следниот ден.
Утрото кога се разбудила доживеала нов шок – испакнатината целосно исчезнала! И покрај тоа, Ема отишла кај општ лекар, пишува Mirror.
„Лекарите беа збунети, не можеа да утврдат за што се работи. Ме прегледаа и не најдоа ништо“, објасни таа.
Повеќе од 6.000 луѓе го коментирале видеото каде Ема минува преку нерамнината и таа постојано се враќа.
Многумина ја советувале да оди на лекар, што и го направила, а жената објаснува дека не чувствувала никаква болка.
„Едноставно почувствував притисок и би рекла дека грутката беше со големина на топче за голф. Верувам дека тоа е резултат на стрес. Мојот сопруг е болен, а и моето куче. Освен тоа, чувствувам финансиски притисок и мојата глава не може да издржи сѐ“, изјавила Ема.
Таа додава дека на кожата нема траги од повреди, каснувања, нешто слично…
„Сакам одговори, но не сум опседната. Секогаш постои шанса тоа да се повтори, а јас сè уште чувствувам притисок од време на време, особено кога сум под стрес“.