Необично запросување се случило синоќа на улиците на главниот град на Босна и Херцеговина, кога парот бил пресретнат од три автомобили со зборовите: „Will you marry me?“. (Дали ќе се омажиш за мене).

Непознатиот пар бил во автомобил кога биле пресретнати од три други возила на кои пишувало „Ќе се омажиш ли за мене?“. Сето ова се случувало во Сараево, а автомобилите кои ги следеле на неколку моменти го запреле сообраќајот.

Момчето ја извади девојката од автомобилот, а потоа клекна и ѝ го постави „судбоносното“ прашање. Девојката се согласила, а радоста била зголемена со огномет кој накратко го украсил ноќното небо над Сараево.

Со сирените на автомобилите кои го блокираа сообраќајот на улицата „Змаја од Босна“ во правец кон Илиџа, се собрале неколку луѓе да бидат сведоци на необичните сцени.